Настаните во овој роман претежно се одвиваат во с. Ерџелија-Овче Поле, каде што бегалците од Беломорска Македонија, талкајќи од место во место ќе најдат заветрина. Во почетокот новодојдените и староседелците се држат настрана едни од други, а старите се против мажење и женење на своите деца едни со други за да не им се измешаат крвта и корените.
Главниот јунак Филип Орлов авторот го следи низ детските домови во Романија и во Полска и неговото доаѓање во с. Ерџелија во 1957 година. Неговиот сликарски талент и убав изглед кај сите побудува прекрасно чувство, но не и во очите на агрономите. Тука Филип ќе ја запознае својата љубов Фидана, со која додека да се венчаат поминуваат низ многу перипетии, забрани, пречки и слично.
Цена со достава во Македонија е 350 денари. За нарачки КЛИКНЕТЕ ТУКА каде ќе ни напишете Ваше име и презиме, адреса, град и телефон за контакт. Плаќањето е кога ќе Ви биде доставена книгата. Испораката трае 3-4 работни денови.