НАШИТЕ КОСКИ, роман за татковиот завет
Прочитајте за трагичната судбина на Трпко Орешков и неговото семејство, развивајќи ја приказната за преселувањето на татковите коски од Гаково (Војводина) во Ерџелија (Македонија) и, најпосле, во краиштата околу Пожарско (Егејска Македонија), но истовремено таа приказна се дооформува и преку откривањето на судбините на една цела галерија личности (Кољо Јорданов, Тина Фотева, Јорго Мавридис, Марија Брезова, Јован Орешков, Петра Орешкова, Никола Жеглев, Наско, Пенчо, Бошко агрономот, попот Тане Сетинов и др.
Со реализирањето на главната идеја на делото, тоа, всушност, ни се прикажува како еден морален чин – на индивидуален и национален план. Драмата на тој чин е предопределена од настаните што го предизвикаа раселувањето, но и од моралните колизии во луѓето. Се работи овде, имено, за еден морал на откорнатиштвото, а моралната лекција е содржана во тоа дали откорнатикот има или нема свој вистински пристан доколку ја прекине антејската врска со своето минато и своето родно огниште? Со други зборови, откорнатикот е несреќник, но не е и загубеник, се додека ја чувствува во себе заветната искра од татковото огниште!
Цена со достава во Македонија е 350 денари. За нарачки КЛИКНЕТЕ ТУКА каде ќе ни напишете Ваше име и презиме, адреса, град и телефон за контакт. Плаќањето е кога ќе Ви биде доставена книгата. Испораката трае 3-4 работни денови.
Петре Бицевски пишува од душата, на еден свој начин исповеднички, со колоритен јазик, еластична реченица, јасен израз. Пишува така како што е неопходно во случајов: ја следи, во главната линија трагичната судбина на Трпко Орешков и неговото семејство, постојано развивајќи ја приказната за преселувањето на татковите коски од Гаково (Војводина) во Ерџелија (Македонија) и, најпосле, во краиштата околу Пожарско (Егејска Македонија), но истовремено таа приказна ја дооформува и преку откривањето на судбините на една цела галерија личности (Кољо Јорданов, Тина Фотева, Јорго Мавридис, Марија Брезова, Јован Орешков, Петра Орешкова, Никола Жеглев, Наско, Пенчо, Бошко агрономот, попот Тане Сетинов и др.