Ретка е вистинската голема љубов на двајца млади, како што е љубовта на Алексо и Темјана опишана во овој роман.
Алексо Анyајков е четвртото дете на Трајан и Божана Анyајкови од Горно Пожарско. Додека Трајан и Божана се радуваат на новата рожба, само по два дена во истата недела, месец и година, во семејството на Лена и Божин Капинкови од Долно Пожарско, им се раѓа ќерката Темјана.
Децата Алексо и Темјана растат како и другите селски деца, играјќи си по сокаците. Ќе тргнат истовремено во училиште. Таму ќе се вљубат еден во друг. Но Темјана ќе засака и друг, кој ќе и носи шеќерчиња и карамели. Кога ќе потпораснат и ќе се осознаат дека веќе не се деца, Алексо со уште поголема љубов ќе се однесува кон Темјана, но тој ќе почне да се вљубува подеднакво и во планината и во своите кози. Неговата љубов кон Темјана ќе станува се подлабока и поискрена. Затоа секоја изутрина пред да го потера стадото во планината, тој ќе посака да ја види Темјана, најчесто на чешмата Бостанка, откаде што таа полнеше вода.
Во овој период се случуваат војните во Микрашија и Албанскиот фронт, во кои учествуваа многу пожарени.
Под притисок на мајка и, Темјана ќе се армаса за Апостол Рискин. Додека Апостол и Темјана лежат во постелата, таа во спиење го споменува името на Алексо.
Болката и страдањето на Алексо немаат крај.
Третата вечер од армасувањето на Темјана за Апостол Рискин, тој ќе се одлучи да ја грабне од постелата на Апостол.
Пред да ја внесе во трлото, Алексо ќе ја искапи во Митковиот Вир со бистрата планинска вода за да ја исчисти од сите гревови и нечистотии што таа ги носеше со себе од тривечерниот заеднички живот со Апостол Рискин.
Алексо ја крева Темјана и како што е обичај, полека ја префрлува преку пештерскиот праг, ја носи на дрвениот одар, како Дафнит што ја однесе Хлоја во пештерата.
Романот Големата љубов е компониран во дваесет глави, со околу 2ОО страници новинарски проред.